Мозаик 01.11.2018 16:59

Финансиски санкции како контрамерки на украинските потези против Москва

Финансиски санкции како контрамерки на украинските потези против Москва

Русија денеска воведува финансиски санкции за стотици украински политичари и десетина компании во сопственост на истакнати украински бизнисмени.

Санкциите се одобрени со декрет потпишан од рускиот премиер Дмитриј Медведев, а се опишани како контрамерки на украинските потези против Москва, пренесе „Ројтерс“.

Во декретот се наведува дека санкциите се однесуваат на 322 поединци и 68 компании, меѓу кои и синот на украинскиот претседател Петро Порошенко и поранешната премиерка Јулија Тимошенко.