Актуелно 10.06.2018 15:20

Фирмата “Хедис” со долг од 2,2 евра повторно на “листата на срамот“ на УЈП

Фирмата “Хедис” со долг од 2,2 евра повторно на “листата на срамот“ на УЈП

На листата од околу 4.000 должници на УЈП се најдоа имињата на компании кои се добро познати во македонската јавност, како и граѓани, јавни претпријатија, општини кои должат милони евра за неплатени даноци.

Така, Хедис ДОО-Скопје, маркетите на бизнисменот Велија Рамковски должат вкупно 139 милиони денари или 2.257.203 евра покажува последната листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи (УЈП). Се работи за долгови доспеани до 28.02.2018 и неплатени до 31.05.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Кога успеа да се задолжи Рамковски, а само пред неколку месеци најави голем кам-бек на пазарот, односно околу здружување на 500 продавници со тоа што се очекува нивната бројка до крајот на годината двојно да се зголеми. Инаку, пред неколку месеци беше финализирана стечајната постапка за двете фирми на Велија Рамковски Хедис ДОО и Хедис Маркети.
Еден од начините УЈП да си ја надомести загубата од хроничните неплаќачи кои редовно се на црната листа на должници на УЈП може да биде и одземањето деловен имот, возила уметнички и други вредни предмети, велат во Управата за јавни приходи.