Фондацијата „Кола-Кола“ донирала повеќе од милијарда долари ширум светот од нејзиното формирање во 1984 година. Преку поддршка на 2 400 организации што се занимаваат со заштита на околината, зајакнување на женските права, едукација и унапредување на заедниците, со помошта на оваа фондација се опфатени 655 милиони луѓе ширум светот.
Фондацијата „Кола-Кола“, која се нарекува ,,филантропска рака” на компанијата, насочена е на вложување во заедницата во која работи, но и во заедниците во коишто живеат и работат нивните вработени.
Оваа фондација во 2014 година обезбедила милион долари помош за подрачјата загрозени од поплави во Босна и Херцеговина, Хрватска и во Србија.