Компании 29.10.2018 15:58

Ford ќе ги прави своите автомобили со графен (видео)

Ford ќе ги прави своите автомобили со графен (видео)

„Ford“ објави дека почнува да користи нов материјал кој е полесен и потраен од јаглеродните влакна. Материјалот за кој станува збор всушност не е нов воопшто, измислен е во 2004-та година од страна на двајцата руско-британски физичари на Универзитетот во Манчестер, Андреј Гајм и Константин Новоселов. Тој се вика графен.

Денес, и покрај апсолутно уникатните и универзални својства на графенот, овој материјал ретко се користи. Причината е што е премногу скапо да се произведе. Меѓутоа, неодамна, експертите на „Ford“ дошле до заклучок дека графенот во мали количини може да ги намали трошоците за производство на автомобили. „Ford“ најверојатно ќе стане првата автомобилска компанија која ќе почне да го користи графенот во масовното производство на возила за да стана полесни, поцврсти и поекономични.

Графен е екстремно лесен и силен – тој е околу 200 пати посилен од челикот и 20 пати посилно од карбонот. Исто така е неверојатно пластичен, еластичен, се потпира во било кое обликување и има висока електрична спроводливост. Сепак, цената на графенот надминува неколку пати повеќе од челикот и јаглеродните влакна.

Затоа „Ford“, се разбира, нема да го направи телото на автомобилот, но ќе има мал процент на графен во производството на околу 10 мали, но тешки делови од моторот и конструкцијата на возилата. Пресметките на компанијата покажуваат дека дури и многу мала количина графен ќе овозможи значителни подобрувања: трајноста на деловите – за 20%, подобрување на звучната изолација – 17% и 30% намалување на тежината на автомобилот.

Првите модели на компанијата, во чии делови и агрегати ќе се појави графен, ќе бидат „Ford Mustang“ и „Ford F-150“ моделот за 2019-та.

Најнови вести