Актуелно 01.10.2018 09:33

ФОТО: И струмичани му го свртеа грбот на Заев, еве како гласаа граѓаните на неговото избирачко место

ФОТО: И струмичани му го свртеа грбот на Заев, еве како гласаа граѓаните на неговото избирачко место

Струмичани вчера одлучија да не го поддржат договорот со Грција и да му го свртат грбот на премиерот Зоран Заев.

Според податоците објавени на страната на Државната изборна комисија, на избирачкото место 1730 каде гласаше Заев, своето гласачко право не го искористиле ниту половина од запишаните избирачи. Гласале 42,02 проценти од избирачите.

Во избирачкиот список на ова место запишани се 595 гласачи, а гласале 250 лица. Податоците од ДИК, кои се 100 проценти обработени за ова избирачко место, говорат дека 247 ливчиња биле важечки, додека 3 неважечки.

Статистиката на ДИК вели дека од важечките ливчиња 224 гласа биле „за“, а 23 „против“.