Актуелно 21.12.2018 09:01

Мицкоски: Навидум гасифицираната Струмица, преку која правеа криминал, е најзагадениот град вечерва

Мицкоски: Навидум гасифицираната Струмица, преку која правеа криминал, е најзагадениот град вечерва

Во својот говор на денешниот протестен марш одржан во Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги повторни шесте барања на партијата, меѓу кое и она за гасификација на Република Македонија.

-Веднаш рестартирање безусловно на проектот за целосна гасификација на Македонија. Затоа што вечерва твојата навидум гасифицирана Струмица, преку којашто правевте криминал додека управувате со општината е најзагадениот град во Република Македонија. Ниту има гасификација, ниту пак ќе има затоа што гасот го купувавте од твојот советник за енергетика и ортак во бизнисот, истакна Мицкоски.