Полицијата откако не го најде Никола Груевски во неговиот дом, се упати во седиштето на ВМРО ДПМНЕ.
Во моментов полициски службеници ги проверуваат колите кои излегуваат од подземниот паркинг на ВМРО-ДПМНЕ, а како што пренесуваат дел од медиумите се чека и налог за претрес на седиштето на најголемата парија во државата.
Во современата македонска историја, не се памети полицијата да упадне во штабот на опозициска партија.