Актуелно 17.01.2019 14:04

Франција покрена план за „тврд Брегзит“

Франција покрена план за „тврд Брегзит“

Францускиот премиер Едуар Филип соопшти дека Франција покренала план за „непредвидливи ситуации“, поради стравувањето дека е можен „тврд Брегзит“, односно истапување на Велика Британија од ЕУ без договор.

Ваквата француска одлука следи откако британскиот Парламент во вторникот го отфрли постигнатиот Договор за Брегзит, што ги зголеми стравувњата за британско напуштање на Унијата без утвредени правила за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ.

Филип нагласи дека планот предвидува издвојување на 50 милиони евра од буџетот намемети за инвестиции што би им помогнале на француските пристаништа и аеродроми да се справат со „тврдиот Брегзит“.

МИА