Франција нема намера да се откаже од својата идеја за воведување нов данок на интернет-компаниите низ Европската унија.
Според францускиот министер за финансии, т.н. „дигитален данок“ треба да биде одобрен до крајот на оваа година, објави „CNBC“.
Француската влада врши притисок врз операциите на гигантите, како што се „Google“, „Apple“, „Facebook“ и „Amazon“, бидејќи овие американски компании не плаќаат доволно даноци во ЕУ.
Предлогот, исто така, може да предизвика симпатии кај гласачите, бидејќи изборите во Заедницата се планирани за следната година.
Од друга страна, според некои критичари, разликите помеѓу поединечните земји-членки на ЕУ може да отежнат да се наметнат таков данок, а исто така може да им наштетат на иновациите.
„Ние сакаме да ја донесеме Директивата за дигитално оданочување до крајот на оваа година. Ова е црвена линија за француската влада“, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мајер за новинарите во Брисел.
„Знаеме дека има технички проблеми, но тоа се само технички, а не политички проблеми, па имаме уште три или четири недели пред следната средба на „ЕКОФИН“ (редовна средба меѓу министрите за финансии на земјите од ЕУ) да ги решиме овие технички проблеми“, вели Мејер.
„Ќе поминам дена и ноќи со германските пријатели, за да најдам компромис и да најдам решение за овие технички прашања, но никој не може да се искористи од овие технички тешкотии, за да избегне политичка одговорност“, додаде францускиот пратеник.