Актуелно 10.07.2018 12:22

Фрчкоски во 2010: Владата да го реши спорот со името без допирање на идентитетските атрибути и промена на Уставот на земјата

Фрчкоски во 2010: Владата да го реши спорот со името без допирање на идентитетските атрибути и промена на Уставот на земјата

На социјалните мрежи кружи видео на кое Љубомори Фрчкоски „интелектуалниот“ фронтмен на СДСМ во 2010 година изјавува како треба да се водат преговорите за името со Грција и што не треба Македонија да менува за да се постигне решение.

-Сите Македонци и граѓани на Македонија сме соочени со пораз на нашите позиции на меѓународен план. Ова е нов и алармантен факт, тој процес на паѓање на националните позиции мора да запре. Имено ја повикуваме ДПМНЕ од оваа позиција да води политика на вистинска одбрана на националните интереси и решавање на спорот со јужниот сосед, да собере сила и консултира знаење со кое ќе консултира политика која прво ќе го запре паѓањето на атрибутот македонски од ден на ден во меѓународните организации и низ светот, а потоа ќе води политика на преговори и ќе го реши спорот, вели Фрчкоски во 2010 година.

Во истата изјава тој додава и дека ВМРО-ДПМНЕ треба да го реши спорот со името без допирање на идентитетските атрибути на Македонците и без промена на Уставот на земјата.

-Тоа е возможно ако не знае или нема сила над тоа нека не мисионира, Македонија се наоѓа пред критички период и никој не може да ја рескира позицијата на земјата по идентитетските прашања кои повторувам ги имавме изборено, а оваа влада од ден на ден ги губи пред нашите очи, потенцира Фрчкоски.

Инаку во изјавата Фрчкоски јасно и гласно вели дека владата треба да го реши спорот без добирање на идентитетските атрибути на Македонците и без промена на Уставот на земјата, погледнете.

Најнови вести