Рускиот енергетски гигант „Газпром“ соопшти дека потпишал протокол со Владата на Турција за изградба на копнената траса од гасоводот „Турски тек“.
Во соопштението се посочува дека вчера потпишаниот протокол претставува основа за почеток на изградбата на копнената фаза од гасоводот на турска територија.
Преку гасоводот „Турски тек“, кој се појави како алтернатива по пропаѓањето на проектот „Јужен тек“, треба да дистрибуира гас за потрошувачите во Турција, со можност за негово продолжување и кон останатите балкански земји.
„Турски поток“ треба да почнува од источниот брег на Црното Море по морското дно до северозападна Турција, а потоа да продолжува по копнен пат.
Анкара досега го одлагеша издавањето одзвола за градба на конената траса од гасоводот, поради спорот околку цената на рускиот гас дистирбуиран за Турција.
Соопштението на „Газпром“ следи откако вчера турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека Анкара и Москва постигнале договор за корекција во цената на дистрибуираниот руски гас за 2015 и 2016 година, со што Русија на Турција ќе и врати една милијарда долари.
Говорејќи на предизборен митинг на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) во градот Ерзурум во источна Турција, Ердоган изјави дека Турција во 2015 година побарала од Русија да и одобри корекција на цената на рускиот гас, но бидејќи Москва го одбила таквото барање, Анкара иницирала меѓународна арбитража.
– По долги разговори беше постигнат договор за корекција на цената од 10,25 проценти за гасот дистрибуиран во текот на 2015 и 2016 година. Разликата во платената сума за тие две години, која изнесува една милијарда долари, ќе и биде вратена на Турција, нагласи Ердоган.