Живот 14.03.2019 17:34

За сириските бегалци во Турција, ЕУ ќе одвои 1,5 милијарда евра

За сириските бегалци во Турција, ЕУ ќе одвои 1,5 милијарда евра

Европската унија ќе одвои 1,5 милијарда евра за сириските бегалци во Турција, во рамки на договорот за запирање на напливот мигранти кон ЕУ, потпишан во март 2016 година, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини на донаторската конференција за Сирија во Брисел.

ЕУ ќе одвои втора транша во вредност од 1,5 милијарда евра за сириските бегалци во Турција, рече Могерини.

Во рамки на договорот за мигрантите од 2016 година, Брисел вети дека ќе и додели на Анкара шест милијарда евра за сириските бегалци, за укинување на визниот режим за турските граѓани  и да отвори нови поглавја во преговорите за приклучување на Турција кон ЕУ.