Роберто Азеведо, генерален директор на Светската трговска организација (СТО), вели дека ќе биде можно да се формира тело за справување со глобалните трговски спорови, кaде САД не би била членка , но не е јасно дали Вашингтон тогаш ќе ја поддржи таквата организација.
Говорејќи на митингот во Рио де Жанеиро за време на зголемените трговски тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, Азеведо предупреди дека трговскиот спор меѓу двете најголеми светски економии може да ескалира во други области.
Тој додаде дека резултат е дека СТО се фокусираше на обидот за зголемување на дијалогот помеѓу двете земји, објави Ројтерс.
Претседателот на САД Доналд Трамп претходно се закани дека ќе ги повлече САД од Светската трговска организација ако таа организација не се реформира, објави Танјуг.