Германската влада планира да го поддржи обезбедувањето на нови даночни стимулации, за да ги охрабри приватните претприемачи да градат нови станови за изнајмување во обид да се справат со големиот недостаток на пристапни домови. Проблемот беше продлабочен со рекордниот прилив на бегалци и мигранти низ целата земја, објави „Ројтерс“.
Над еден милион луѓе кои бараат азил, пристигнале во Германија од 2015-та година, кога канцеларката Ангела Меркел ги отвори границите на земјата за луѓето кои бегаат од војните на Блискиот Исток и Африка.
Планот, кој се очекува да биде одобрен од страна на Владата, има за цел да ги охрабри инвеститорите да дадат приоритет на изградбата на пристапни домови за изнајмување. Се очекува оваа мерка да даде дополнителен импулс за градежниот сектор во Германија, а од него ќе имаат и компаниите за недвижнини, како што се „Vonovia“ и „Deutsche Wohnen“.
Оваа мерка ќе им овозможи на инвеститорите да ги намалат своите даноци и нивните трошоци за изградба кои ќе се намалат за речиси една третина во следните четири години, ако новите станови што ќе ги градат се изнајмени за десет години.
Копија од законот, „Ројтерс“ покажува дека владата очекува мерката да ја чини државата околу 235 милиони евра годишно. Програмата ќе се применува само за градежни дозволи и известувања издадени по 31-ви август 2018-та година и пред 1-ви јануари 2022-ра година.
За да се спречи изградбата на луксузни живеалишта, даночните олеснувања ќе бидат ограничени на станови со трошоци за изградба под 3.000 евра за м2.
Германските градежни компании имаат корист од зголемената побарувачка на имот, повисоките државни трошоци за изградба и ниските камати за кредитите, соопшти претходно овој месец градежната асоцијација „ZDB“ кога ја зголеми прогнозата за раст на приходите во 2018-та година.