Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија ќе поддржи продолжување на санкции од Европската унија кон Русија поради нивната поддршка на силите во Источна Украина.
По средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко во Киев, Меркел како причина за својот став го наведе и отсуството на напредок во исполнувањето на мировниот договор од 2015 година. Со тој договор е намален обемот на судири, но борбите продолжија, а засега нема политичко решение.
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за таквата ситуација. Порошенко ја повика Русија да ги повлече своите сили и оружје од истокот на Украина, додека Русија негира дека таму има своја војска. (МИА)