Објавувањето на средствата доби одобрение од Европската комисија (ЕК) за барањата за државна помош.
Во шемата компании од железницата ќе добијат до 50% надомест на трошоците направени за мерките со кои ќе ја подобруваат енергетската ефикасност, како што се купување на хибридни локомотиви или автоматизирани системи за управување, и на тој начин ја намалат потрошувачката на електрична енергија на единица товар или на патник.
Компаниите кои ќе добијат помош од државата, сепак ќе треба да покажат резултати – барем 1,75% подобрување на ефикасноста годишно. Од 2020-та година овие бројки ќе се зголемат на 2%.
Инвестициите во слични технологии ќе ја направат железницата поевтина и поефективна и така ќе се охрабри нејзината употреба, ќе биде намален сообраќајот на патиштата, а тоа ќе и помогне на Германија да ги исполни целите за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
„Железничкиот транспорт да се напојува со електрична енергија, е најчист транспорт од еколошка гледна точка“, коментира комесарот за прашањата на конкуренцијата Маргрете Вестагер, цитирана од прес-центарот на ЕК.