Актуелно 29.12.2018 21:03

Гиевски: Нема да толерираме трговија со работничките права

Гиевски: Нема да толерираме трговија со работничките права

Трговија со работничките права Независниот синдикат за образование и наука(НСОН) нема да дозволи и нема да толерира, изјави на прес-конференција денеска претседателот на НСОН Томислав Гиевски, во однос на колективните договори на Синдикатот за образование и наука (СОНК).

-Се служат со методи дека колективниот договор не важи за нашите членови, дека е нивна сопственост и јасно и гласно од нас на телевизија побараа да им ги откупиме авторските права – изјави Гиевски.

Од СОНК вчера на прес-конфернеција го поздрави решението на Уставниот суд со која се потврдува ставот на СОНК дека колективните договори за детска заштита, основно и средно образование важат исклучиво за вработените во овие дејности кои се членови на овој синдикат.

Независниот синдикат за образование оспори одредби од овие колективни договори пред Уставниот суд, тврдејќи дека тие се спротивни на Уставот и имаат елемнти на дискриминација.