Актуелно,Мозаик 16.08.2018 13:16

Полицискиот синдикат бара МВР под итно да набави нови униформи за полицајците

Полицискиот синдикат бара МВР под итно да набави нови униформи за полицајците

Независниот синдикат на полицијата бара од МВР да спроведе итна набавка на нови униформи. Како што изјави на денешната прес-конференција претседателот на синдикална подружница на НСП, Мартин Ефремов, од полицијата не се набавени нови униформи веќе десет години. – Веќе неколкупати се поништуваат тендерите за набавка на нови униформи и кај нас почнува да се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да не се изврши набавката, пренесе МИА.

Неколкупати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа, но ниту еден не беше испочитуван. Бараме од Министерството веднаш да набави нова униформа по основ на итна и неодложна потреба, бидејќи летото го минавме со по една кошула, но за зимата не знаеме што ќе правиме, вели Ефремов. Бараат да им е реши проблемот со седумчасовното работно време. Укажуваат дека полициските службеници се ангажирани секој ден, а неретко и двапати во денот, правото на неделен одмор им е ускратено, а правото на приватен живот речиси невозможно. Од синдикатото нјавуваат понатамошни активности за проблемите на вработените и затворската и шумската полиција.