Главниот извршен директор на Амазон и најбогатиот човек во светот, Џеф Безос, изгуби 19,2 милијарди долари за два дена, додека акциите на неговата компанија паднаа за дури 14%.
Тоа е најголемата загуба регистрирана во рок од два дена, при што Безос го урна неодамнешниот рекорд на шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, кој во јули загуби импресивни 16,5 милијарди долари, откако неговата компанија не успеа да ги исполни очекувањата на пазарот.
И покрај огромната загуба, Безос останува најбогатиот човек во светот, со нето имот од 133 милијарди долари, што е за 40 отсто повеќе од второпласираниот, Бил Гејтс, чие богатство изнесува 94,2 милијарди долари.