Живот 20.04.2018 14:18

Гледајте серии и бидете платени за тоа!

Гледајте серии и бидете платени за тоа!

Популарна услуга за стриминг Netflix објави понуда за работа во која бараат редакциски аналитичари за нивната оригинална содржина. Во суштина ова значи дека едно лице ќе треба да ги следи сите нивни нови серии, да ги анализира, да ја истражува позадината и да ги проценува. Тоа навистина звучи како работа од соништа!

Лицето треба да има најмалку пет години искуство во забавната индустрија, а работата ќе се извршува во канцеларија во Холивуд и треба да знае англиски или јапонски јазик. Досега, Netflix има бројни успешни серии, па затоа не се сомневаме дека оваа работа би била многу забавна.