Економија 17.01.2019 10:49

NETFLIX објави најголеме зголемување на цените во последниве 12 години

NETFLIX објави најголеме зголемување на цените во последниве 12 години

Netflix повторно ги зголеми цените и вестите доведоа до зголемување на цените на акциите од над 6 отсто на стартот на работењето на берзата вчера, објавија CNBC.

Најевтиниот пакет на Netflix ќе чини 9 долари во споредба со 8 долари во моментов. Нејзиниот најпопуларен стандарден HD план ќе чини 13 долари наспроти 11 долари, а премиум планот на компанијата ќе чини 16, во однос на 14 долари во моментот.

Зголемените тарифи се скок помеѓу 13 и 18 отсто, што е најголемо зголемување од пуштањет на својата стриминг-услуга пред 12 години и ќе стапи на сила веднаш за новите клиенти. Постојните претплатници ќе добијат повисоки сметки во наредните три месеци.

Дополнителните пари ќе му помогнат на Netflix за неговата огромна инвестиција во оригинални серии и филмови и да го финансира големиот долг што го има акумулирано за да се справи со конкуренцијата на Amazon, Disney и Apple.

Традиционалните играчи во видео-стримингот како што се Netflix, HBO и Hulu беа подложени на зголемен притисок од нови учесници, што ги одведе севкупните инвестиции на индустријата до нов рекорд.

Во понеделникот, Comcast NBCUniversal објави дека ќе лансира нова видео-стриминг услуга во 2020 година. Услугата на NBC ќе биде бесплатна и ќе биде поддржана од реклами, ако клиентите веќе имаат сметка за платена ТВ. Таа ќе чини околу 12 долари месечно доколку потрошувачите сакаат да ги отстранат рекламите или да си направат сметка, ако немаат платена ТВ. Disney, исто така, се очекува да ја објави својата Disney + услуга подоцна оваа година.

Netflix ги зголемува своите цени по четврти пат од стартувањето на услугата за видео стриминг. Компанијата ги зголеми цените за последен пат во октомври 2017 година. Претходните зголемувања на цените не влијаеја во голема мера врз растот на претплатниците и традиционално ги поддржаа акциите на компанијата.

Во последниот квартал, Netflix објави пораст на американските претплатници од 10,7% годишно на 58 милиони претплатници. Компанијата има над 78 милиони претплатници надвор од САД.

Аналитичарите на Goldman Sacks во вторникот предвидоа дека Netflix ќе објави силни перформанси за четвртиот квартал утре. Банката очекува акциите на компанијата да поскапат за 20%.