Компании,Мозаик 11.01.2019 18:09

Глобалните производители на автомобили планираат да вложат во електирчни автомобили за 300 милијарди долари

Глобалните производители на автомобили планираат да вложат во електирчни автомобили за 300 милијарди долари

Глобалните производители на автомобили планираат да зголемат вложувања во технологијата на електирчни автомобили за 300 милијарди долари во следните 10 години, и речиси половината од тоа ќе биде насочена во Кина.

Во анализа се нагласува дека капиталните издвојувања најмногу се поттикнати од мерки на влади ширум светот со кои се настојува намалена емисија на штетни гасови. Дополнителен мотив е развој на технологија што намалува трошење батерии, продолжува период меѓу полнење и намалува време на полнење на електрични автомобили.

Износот од 300 милијарди долари надминува вредност на економски активности во Египет и Чиле.

Во анализата се наведува дека бројката е добиена со калкулации за инвестициски и буџети за јавни набавки кои изминатите две години објавија 29 водечки производители на автомбили во светот, најмногу во САД, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Германија и Франција.

Речиси една третина од вкупната потрошувачка, околу 91 милијарда долари се на групацијата Фолксваген. Нивниот план е до 2025 година – 15 милиони електрични возила. Дајмлер групацијата најавува вложувања од 42 милијарди долари додека Џенерал Моторс – осум милијарди долари.

Околу 45 отсто од глобалното планирање на капиталните трошоци за јавни набавки – повеќе од 135 милијарди долари ќе бидат насочени воКина, која наголемо планира производство и продажба на електрични возила со квоти, кредити и различни субвенции.