Економија 21.06.2018 14:14

Годишниот кредитен раст изнесува 6,3%

Годишниот кредитен раст изнесува 6,3%

Кај вкупните кредити во мај е евидентиран месечен раст од 1,2%, што се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора коишто имаат речиси подеднакво учество во месечната промена, соопшти Народната банка.

Годишниот кредитен раст изнесува 6,3% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“ (придонес кон растот од 72,6%).

Кредитите на корпоративниот сектор во мај забележаа зголемување на месечна и годишна основа од 1,1% и 3,2%, соодветно.

Од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат поголемо учество во месечниот раст, а на годишна основа растот во целост произлегува од денарските кредити, при намалено кредитирање во странска валута.

Вкупните кредити на домаќинствата на месечна и годишна основа се зголемени за 1,3% и 9,6%, соодветно.

Притоа, месечниот и годишниот раст на кредитната активност во најголем дел се должат на растот на кредитите одобрени во денари (98,3% и 91,3%, соодветно).