Актуелно,Банкарство 15.05.2018 13:05

“Голдман Сакс” објавува производи поврзани со биткоин

“Голдман Сакс” објавува производи поврзани со биткоин

 

Иако знаеме дека институционалните инвеститори, банкарите, регулаторите и, генерално, традиционалната финансиска индустрија како по правило е против употребата на крипто-валути, од време на време прават промени во позитивна насока.

Овој пат тоа е американската инвеститорска банка “Голдман Сакс”, која најави дека наскоро ќе вклучи и некои финансиски инструменти поврзани со цената на биткоинот.

Ова се временски договори, слични на оние со кои се тргува на берзата во Чикаго веќе некое време. Голдман Сакс ќе ги користи сопствените ресурси за оваа намена и нема да купи биткоини, велат банките, чија администрација веќе го одобри создавањето на производи базирани на биткоинот.

Меѓутоа, во рамките на оваа институција постои тим задолжен за испитување на можноста за “вистински” инвестиции во биткоини и наоѓа начини за додавање дополнителен ризик за продажба и чување на криптовалути во бизнисот на банката, пишува New York Times. Без разлика дали тоа ќе се случи, Голдман Сакс би можел да стане првата регулирана финансиска институција која навистина ќе работи со криптовалути.

Првото тргување со деривати базирани на биткоин е планирано да биде лансирано за неколку недели.