Финансии 14.07.2023 11:40

Голем интерес од граѓаните за купување на граѓанската обврзница

Голем интерес од граѓаните за купување на граѓанската обврзница

Повеќе од двојно поголем интерес за купување граѓанска обврзница од планираниот. Над 1,200 граѓани денеска од државата купија обврзници вредни 24 милиони евра. Првичните планови беа да се запишат 10 милиони евра. Но, високата камата од 5%, ги стимулира граѓаните вишокот пари ра го вложат во овие хартии од вредност, за кој гарантира државата

Висината на провизијата која ја наплаќаат банките – 300 денари за транскакции до 4,000 евра и 600 над оваа сума, Бесими вели дека е пазарна. Во интерес на државата, тој би сакал да е нула отсто, но банките сами си го утврдуваат надоместокот.

Нова емисија граѓански обрзници ќе има во септември. За тогаш Бесими најави и издавање зелени обврзици, а според плановите, државата до крајот на годината се очекува да се соберат 50 милиони евра од овие хартии од вредност. Парите би се насочиле за развојни, однсно капитални проекти.