Актуелно 10.03.2019 23:41

Голем пожар во Македонија: Се бара помош за гаснење

Голем пожар во Македонија: Се бара помош за гаснење

Се уште е активен пожарот кој денеска околу 13 часот го зафати атарот над делчевското село Тработивиште. Моментно пожарот е префрлен на левата страна од патот Делчево – Пехчево над селото Тработивиште. Пожарот според очевидци настанал околу 13 часот.

Пожарот најпрвин започна од месноста Брани град, па се префрли кај месноста Кортелевец, тоа е местото каде сега најмногу гори, вели жител на селото.
Во гаснењето учествуваат екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево и мештаните. Пожарникарите за дотур на вода ги користат блиските вили коишто се во опасност од огнената стихија која се повеќе се приближува до нив. Ситуацијата, како што велат, е алармантна и потребна е помош за побргу да се локализира огнената стихија.

Засега не е позната причината за пожарот и штетата за која од ТППЕ Делчево најавија дека дополнително ќе излезат со соопштение.