Живот 20.06.2018 11:48

Google инвестира 550 милиони долари во кинески JD.com

Google инвестира 550 милиони долари во кинески JD.com

Google се согласи да инвестира голема сума во еден од најголемите малопродажни синџири во Кина – JD.com. На овој начин, компанијата се надева дека значително ќе го зголеми своето присуство на азискиот пазар. Последните податоци на Ројтерс откриваат дека Google ќе го стимулира бизнисот на JD.com со капитал од 550 милиони долари. што ќе им овозможи да се натпреваруваат поуспешно со Amazon. Претставниците на двете страни ја посочија инвестицијата како следниот чекор во нивното заедничко партнерство.

Во иднина, ќе видиме повеќе специјални понуди на производите на JD.com во Google услугите. Во исто време, нивното партнерство ќе му овозможи на кинескиот бренд да стигне до нови пазари со проширување на своето присуство низ цела Европа и САД. Во овој момент, Google не предвидува други големи инвестиции во најнаселената земја во светот. Потсетуваме дека услугите на компанијата се блокирани во Кина, поради неподготвеноста да ги цензурираат резултатите од пребарувањето на интернет.

Во последниве месеци, JD.com го привлече вниманието на другите поголеми инвеститори, вклучувајќи ги Tencent, Alibaba и Walmart Inc., што само по себе е доказ за нивниот успешен бизнис модел. Според договорот помеѓу двете компании, Google ќе добие 27,1 милион класа „А“ акции на JD.Com за своите инвестиции, што претставува помалку од 1% од пазарната капитализација на кинескиот бренд. Но, партнерството со Google крие многу други предности, додаваат од агенцијата.