Актуелно 22.06.2018 11:35

Европската комисија изгласа построги правила за авторските права

Европската комисија изгласа построги правила за авторските права

„Google“, „Facebook“, „Microsoft“ и други технолошки гиганти можат да се соочат со повеќе тешкотии, откако вчера Европската комисија (ЕК) гласаше во корист на построгите правила за авторските права, пренесува „Ројтерс“.

Регулацијата, предложена од ЕК пред две години, е создадена за да се земе предвид зголемената улога на онлајн платформите, така да ги принуди да ги споделат своите приходи со издавачите и да сносат одговорност за прекршување на авторските права на интернет.

Гласањето на Комисијата за правни прашања најверојатно ќе биде официјалната позиција на Парламентот, бидејќи тој ќе ги води преговорите со земјите од Европската унија (ЕУ) за заеднички став.

Иако многу активисти и некои пратеници ги критикуваа реформите, носителите на правата ги поддржуваат.

Германскиот пратеник Џулија Рида, дел од парламентарната група на „Зелените“, се спротивстави на предлогот на ЕУ и рече дека мерките ќе влијаат лошо на Интернетот.

„Луѓето ќе се навлекуваат во проблеми, правејќи вообичаени работи, како дискусијата на вести и изразувајќи се себеси онлајн. Ограничувањето на слободата на учество, за да служиме на специјалните интереси на големите медиумски компании, е неприфатливо“, коментира таа.

„Ќе го оспорам ова и ќе побарам гласање во Европскиот парламент веќе следниот месец“, додава Рида.

Критиката се фокусира на два дела од предложениот закон. Член 11, или т.н. соседните закони за издавачи на медиуми, може да ги натераат „Google“, „Microsoft“ и други да ги платат медиумите за да ги прикажат фрагментите на вести.

Член 13, или филтрирањето на прикачената содржина, ќе бара онлајн платформи, како „YouTube“, „GitHub“, „Instagram“ и „eBay“ да инсталираат филтри кои нема да им дозволуваат на корисниците да употребат материјали со авторски права.

Лобистичка група „CCIA“, меѓу чии членови се „Google“, „Facebook“, „eBay“, „Amazon“ и „Netflix“, ги критикува пратениците за тоа дека ги игнорираат барањата на основачот на „Wikipedia“, Џими Велс, основачот на „World Wide Web“, Тим Бернерс-Ли, експертот за интернет неутралност Тим У и други.