Актуелно 18.05.2018 19:59

Градежништвото бележи пад, економијата на климави нозе ,додека владата се задожува до гуша -нови проекти нема

Градежништвото бележи пад, економијата на климави нозе ,додека владата се задожува до гуша -нови проекти нема
red arrow pointing downwards showing crisis

 

Градежништвото е во постојан пад. Имено, според Државниот завод за статистика во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Ова значи дека градежните компании немаат работа и дека градежната активност стагнира. Исто така според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2018 се издадени 211 одобренија за градење, што е за 45.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Тенденцијата на намалена градежна активност воопшто не претставува добар знак за економската состојба посебно ако се земе во предвид фактот дека градежништвото е носечка гранка на македонската економија и дека е главен двигател и учесник во градењето на Бруто домашниот производ.

Економистите сметаат дека доколку продолжи ваквиот негативен тренд во градежништвото и во металургијата која исто така доживува пад и катастрофални резултати проекциите за БДП за 2018 година тешко дека ќе се исполнат.

Понатаму, експертите се загрижени и за континуираниот тренд на задолжувања на државата кој не резултира со нови капитални инвестиции. Тие велат дека нови проекти нема и дека алармантна е состојбата во која државата вртоглаво се задолжува а притоа проекти кои се од стратешка важност на државата отуствуваат. Така  нивото на реализирани капитални инвестиции во првиот квартал од оваа година да изнесува само 7,4 проекти што е катастрофално лош резултат. Прашањето е каде се слеваат огромните средства на пари кои идните генерации ќе треба да ги враќаат со камати и зошто не се вложуваат средствата во изградба на патишта што би значело придвижување и на градежништвото и на други стопански гранки кои се поврзани со него.

Инаку, владата пред да дојде на власт ветуваше намалување на задолжувањата и изградба на огромен број на капитални инвестиции но ништо од ова после година од седнувањето во владејачката гарнитура  не се реализира. Само во месец мај владата  ги задолжи граѓаните за нови 25 милиони евра додека вкупните задолжувања надминуваат 1, 6 милијарди евра. Понатаму, за прв пат во независна Република Македонија јавниот долг надмина 5 милијарди евра, а државниот долг е над 4 милијарди евра.

Македонја лани ја заврши годината со 0 % на БДП што беа најкатастрофалните резутати во Европа и регионот.