Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – март 2018 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 775 469 илјади денари, што е за 61.1 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 281 136 илјади денари, што е за 12.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина.
Вредносните податоци за периодот јануари – март 2018/2017 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 51.2722 денари.