Актуелно 19.04.2018 10:47

Градежништвото тоне, компаниите бележат катастрофални резултати, економијата дише на шкрги

Во годишниот преглед на Македонска берза за котираните друштва според дејности, градежните компании кои се јавно котирани бележат најголем пад на профитите во однос на претходните години, а имаат и големи падови на вкупните приходи поради нивната намалена оперативна дејност. Според познавачите ова се катастрофални вести заради фактот дека градежништвото е еден од главните двигатели на македонската економија.

Градежништвото тоне,  компаниите бележат катастрофални резултати, економијата дише на шкрги

Во годишниот преглед на Македонска берза за котираните друштва според дејности, градежните компании кои се јавно котирани бележат најголем пад на профитите во однос на претходните години, а имаат и големи падови на вкупните приходи поради нивната намалена оперативна дејност. Според познавачите ова се катастрофални вести заради фактот дека градежништвото е еден од главните двигатели на македонската економија.

Oчигледно беше дека со стопирањето на дел од државните проекти и нивно финиширање, дел од македонските градежни компании ќе ја немаат истата експанзија како во минатите години кога градеа министерства, музеи, мостови, и што уште не по добиените тендери од владата на Република Македонија и останатите државни институции.

Катастрофално лоши резултати бележи Бетон АД Штип каде состојбата е  навистина драматична бидејќи компанијата работи со загуба, односно 2017 година ја завршила во минус. Загубата на Бетон АД Штип изнесува 55,6 милиони денари, што е очаен резултат ако се спореди нето добивката од 23,3 милиони денари во 2016 година

Преполовена добивка во 2017 година има  Гранит АД Скопје која е за 52,95% помала во однос на добивката во 2016 година, но барем оствариле профит. Гранит АД Скопје минатата година ја завршил со нето добивка од 138.388.000 денари, додека пак во 2016 година заработил чисти 294.115.000 денари.

 

Бетон АД Скопје во годишниот извештај за работењето во 2017 година има нето добивка од само 35,4 милиони денари, за разлика од 2016 година кога имал двојно поголема чиста добивка од 86 милиони денари што е годишен пад на профитот од 58,81%.

.

ФЗЦ Карпош иако има најмал пад на годишно ниво ако се  спореди со останатите три компании на оваа листа, сепак не може да се пофали со годишната прогресија, односно има  пад на добивката од -46,25%. ФЗЦ Карпош АД Скопје во 2017 година има профит од 12,4 милиони денари, додека пак нето добивката во годината претходно изнесувала 23,1 милиони денари.

Според Државниот завод за статистика има намалување и на градежните активности за огромни 51.2 %. Тоа значи дека има 51,2 % издадени одобренија за градење помалку во однос на  месец март од претходната година. Според експертите ова се катастрофални резултати посебно заради фактот што градежништвото е еден од главните двигатели на економијата во Македонија.

За 2017 година растот на БДП беше 0 % што е најмал во Европа и регионот. Експертите коментираат дека ова се должи на лошата политика која ја води владата и на фактот што голем дел од капиталните проекти кои беа започнати од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ беа стопирани додека нови не се отпочнаа. Загрижувачка е и состојбата во челичната индустрија заради мерките кои ги постави САД за ограничен увоз на челик. Челичната индустрија е под сериозна закана од мерките што ги воведоа САД и ЕУ за ограничен увоз на челик од трети земји и за извоз на старо железо. Производителите бараат максимална заложба од економската дипломатија, бидејки нашиот увоз и извоз не претставува закана за двете економии, но затоа е суштински за македонското стопанство.

Вкупниот увоз во ЕУ нашите компании учествуваат со 0,87 %. Македонија но со тој извоз практично челичната индустрија остварувa 5,7 % во БДП.

Во челичната индустрија директно работат 3.000 луѓе додека 15.000 индиректно кои можат да бидат погодени доколку состојбата не се подобри.

Вака поставени состојбите Македонија се наоѓа во многу лоша економска состојба. Голем дел од економистите велат дека и ново проектираната стапка од 2,8 % на БДП која беше намалена од 3,2 % од ММФ и Светска Банка како што стојат поставени работите  не е реално да се постигне.