Актуелно 29.06.2018 13:01

Градежништвото во постојана криза – Градежните фирми потрошиле за 24.9 % помалку градежни материјали и енергија

Градежништвото во постојана криза – Градежните фирми потрошиле за 24.9 % помалку градежни материјали и енергија

Градежништвото е во постојан пад. Имено, во јавноста излегоа информации од Државниот завод за статистика дека градежништвото во првиот квартал  од 2018 имаше пад од 37 %. Според најновите податоци од Државниот завод за статистика  во 2017 година, деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9 701 532 илјади денари, што е за  24.9 % помалку во однос на претходната година.

Овој податок е тесно поврзан со лошиот резултат што Македонија го имаше во делот на растот на БДП кој за 2017 година изнесуваше 0%. Експертите се загрижени дека лошиот тренд во градежништвото продолжува и дека и оваа година падот од скоро 40 % на градежништвото лошо ќе се одрази врз БДП.

Експертите и лани предупредуваа дека Македонија нема да има добар раст на економијата и даваа сигнали на Владата да промени нешто во својата деструктивна политика но Владата не промени ништо што на крај резултираше со најлош можен резултат  на Македонија на БДП во услови кога цела Европа и регионот доживеаја економски бум.

 

Според тоа какви се податоците и трендот во градежништвото не е воопшто чудно што уште сега економистите и познавачите кажуваат дека тешко ќе се оствари растот од 2,3 % на БДП за 2018.

Колку за информација лани растот за 2018 беше проектиран на 3,2 при што Светска банка го намали на 2,3 заради лошите резултати во првиот квартал на БДП од само 0,1 %.