Џеј Пи Морган најави нови активности во Кина. Оваа банка аплицираше да започне бизнис со обезбедување при што би поседувале 51 отсто од бизнисот, во пазар кој е релативно затворен како кинескиот. Апликацијата мора да биде добрена од кинеските финансиски регулатори и е сеуште нејасно колку долго ќе трае овој процес. Откако ќе се добие одобрувањето, новиот субјект ќе овозможи Џеј Пи Морган да тргува со кинески производи, пишува Бизнис Инсајдер.
Кина е во процес на отварање на капиталните пазари за странски играчи.. Новите правила за странски инвестиции во компаниите за обезбедување и менаџирање на фондови беа споменати минатиот ноември и формално најавени при крајот на април. Пред сето ова, на Западните финансиски институции не им беше дозволено да го поседуваат мнозинскиот удел во било која компанија во Кина.