Актуелно 12.07.2024 10:56

Граѓаните плаќаат увозна струја, бизнисмените ја продаваат за извоз

Граѓаните плаќаат увозна струја, бизнисмените ја продаваат за извоз

Дури 20 отсто од електричната енергија што се произвела на македонско тло завршила на странските берзи како извозна минатата година, но тоа не придонесе да се почувствува во животниот стандард на граѓаните.

Новите податоци што ги објави националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО покажуваат дека лани дури 20,6 проценти од произведената струја во Македонија завршила надвор, а пред само една година учеството било само нешто повеќе од 9 отсто.

Парадоксалната ситуација покажува дека вкупниот увоз на електрична енергија во земјата и натаму останал висок. Ако во 2022 тој бил 28 отсто, во 2024 бил 22, 4 проценти, покажуваат сумираните резултати што ги објави МЕМО. Ситуацијата со високиот процент на извоз се случува кога се штедело и се инвестирало во сопствени фотоволтаици, па бруто конзумот на вкупна потрошувачка за една година паднал од 6,9 на 6,55 тераватчасови.

Најзачудувачки е фактот што извозот во количини се зголемил од 0,52 на 1,32 тераватчасови, според МЕМО. Кај увозот има подобрена разлика, но не е толку воочлива – од 1,9 на 1,47 тераватчасови во ситуација кога се штедело. Може да се заклучи дека ќар имале бизнис поединци, но не и граѓанинот.

Инсталираната моќност на електроцентралите од обновливи извори на енергија во 2023 достигна ниво во вкупниот инсталиран капацитет со 50 отсто, додека во вкупното производство учествува со 33 проценти. Порастот во производството на електрична енергија од фотонапонските електроцентрали е 287 отсто во 2023 година споредено со 2022 година..Ланската година имало 527 новоизградени фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 362 мегавати.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, претходно најави можно зголемување на попладневната евтина тарифа за еден час од декември, но не и намалување на цената на струјата. Во моментов се уште траат анализите пред да се донесе таква одлука.

– Досега ова што се изгради придонесе да имаме ситуација во текот на денот, кога произведуваат фотоволтаиците особено во пролетнит и летн месеци, да имаме сериозна разлика на цените во тој период од денот. Значи, од кај 10-11 часот до кај 16-17 часот и таа цена е некаде три пати пониска отколку цената после 18-19 часот. Сега треба таа придобивка да ја префрлиме и кај граѓаните

И од тие причини ја правиме ова анализа, која ќе ни покаже дали има потреба и дали има можност да воведеме уште еден час дополнителна ефтина струја, која што би се проширила од 15 до 16 часот со единствена цел да испратиме сигнал, и до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и до ЕСМ, во тие периоди кога цената на електрична енегија е наетн таа да се купува од берзи со цел во тој таа ниска цена на електрична енергија да биде во корист и на граѓаните. Тоа ќе му овозможи на ЕСМ, во тие периоди, да прави и заштеди на вода и таа вода да се користи за производство на електрична енергија во периоди кога цената на електричната енергија електричната енергија е далеку повисока, изјави претходно Бислимовски.

Горе-долу и потребата на ЕСМ да купува електрична енергија за да ги задоволи целосно потребите на ЕВН Хоме не се променила во позитивна насока. Според МЕМО, ЕСМ купил 774 гигаватчасви електрична еери од други снабдувачи, а една година претходно тоа било 877 гигаватчасови. ЕСМ уште не ги објавил овие податоци во јавност.