Актуелно 19.01.2019 15:40

Граѓаните на Водици со пораки до Заев: „Едно име имаме, Македонија“, „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ (ФОТО)

Граѓаните на Водици со пораки до Заев: „Едно име имаме, Македонија“, „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ (ФОТО)

Граѓаните кои денес сплотено го прославуваа празникот Водици, ја искористија приликата да му испратат порака на Зоран Заев и власта.

Му порачаа дека оваа земја е Македонија, а не Северна Македонија.

Со транспаренти прикачени на мостовите и меѓу присутните на Богојавленските церемонии низ државата, граѓаните и испратија порака на власта:

„Никогаш Северна, секогаш Македонија!“, „Едно име имаме, Македонија!“ и „Македонија вечна“!