Актуелно 24.08.2018 12:46

Граѓаните оставија кафе пред Владата и Град Скопје: Гневни на институциите што трошат 55.000 евра за оваа намена

Граѓаните оставија кафе пред Владата и Град Скопје: Гневни на институциите што трошат 55.000 евра за оваа намена

По примерот на Владата и Град Скопје набавува кафе за голема сума на пари. На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Град Скопје и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на разни видови кафе со вредност на договорот од 648.169 денари или нешто на 10 илјади евра.

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија преку електронскиот систем за јавни набавки објави тендер за набавка на кафе, а проценетата вредност на „зделката“ изнесува  неверојатни 2.700.000 денари односно 45 илјади евра. Ова е втора набавка на оваа ставка годинава на Владата откако претходно во јануари СОЗР има набавено кафе во вредност од 1 милион денари.

Граѓаните се гневни што оваа огромна сума на пари од нивниот џеб ќе биде потрошена за функционерите да пијат прескапо кафе.

Граѓаните се гневни што оваа огромна сума на пари од нивниот џеб ќе биде потрошена за функционерите да пијат прескапо кафе.

Затоа, денес им донесоа кафе кое им доставија пред вратите на Владата и Град Скопје.

Најнови вести