Актуелно 30.11.2018 20:47

Граничниот премин во БиХ ќе може да се премине само со лична карта

Граничниот премин во БиХ ќе може да се премине само со лична карта

Договорот меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји стапува во сила од утре, 1 декември, кога граничните премини граѓаните од двете држави ќе можат да ги преминат со лична карта.

Документот го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава, соопшти босанското МНР.

Тогаш е регулирано дека Договорот ќе стапи во сила 30 денови по приемот на последниот писмен извештај дека се исполнети внатрешните законски процедури.

Последната потврда на Министерството за надворешни работи на БиХ е примена во Амбасадата на Република Македонија на 23 октомври и како датум за стапување во сила на Договорот е утврден 1 декември 2018 година.