Актуелно 01.11.2018 10:47

Грчки дипломат: Преспански договор може да наиде на пречки во ОН

Грчки дипломат: Преспански договор може да наиде на пречки во ОН

Димитрис Москопулос, пензиониран грчки дипломат и поранешен амбасадор во Косово, смета дека Преспански договор, дури и да биде ратификуван во парламентите на Грција и на Македонија, би можел да наиде на пречки во Обединети нации.

„Ништо не е сигурно во овој свет“, изјави тој во интервју за Балканска истражувачка мрежа (БИРН), повикувајќи се на најавата од Министерство за надворешни работи на Русија од 3 октомври дека ќе побара за Договорот да заседава Советот за безбедност на ОН, бидејќи е во спротивност со меѓународното право и со македонскиот устав.

Според Москопулос, влогот околу договорот од Нивици е поголем за Македонија отколку за Грција, каде што смета дека може да помине само во сегашната политичка констелација во законодавниот дом.

„Договорот за името има шанса само ако дојде на ратификација во грчкиот парламент додека сегашната влада е на власт. Ако има избори во Грција пред тоа и Владата загуби, сегашната опозиција ќе го убие“, смета тој, очекувајќи СИРИЗА да биде поддржана од независни пратеници и на тој начин да ги надомести гласовите против од коалицискиот партнер Независни Грци.

Најнови вести