Државниот фонд за приватизација во Грција (HRADF) ќе им дозволи на двајца кандидати да бидат дел од следната фаза во постапката за продажба на 50,1% од средствата на нафтената компанија „Hellenic Petroleum“.
„Glencore“ и „Vitol“ ќе наддаваат за една од најголемите енергетски компании во Југоисточна Европа, според весникот „Катимерини“.
Продажбата на мнозинскиот удел во компанијата е од стратешко значење за грчкиот енергетски сектор и има потреба од посебна дозвола од владата на земјата, објави весникот.
Главниот акционер во „Hellenic Petroleum“ е „Paneuropean Oil and Industrial Holdings“ со 45,47% од капиталот на друштвото. Грчкиот фонд за приватизација е сопственик на 35,48% од капиталот, а останатите малку над 19% се во рацете на грчки институции и приватни инвеститори.
„HRADF“ го започна тендерот за атрактивен договор во април. Во продажба се пуштени дел од партициите на „Paneuropean Oil and Industrial Holding“ (30,1%) и на Фондот за приватизација (20%) во компанијата.
Приватизацијата на „Hellenic Petroleum“ е меѓу најамбициозните чекори за приватизација во грчкиот енергетски сектор. Во 2017-та година, неговиот приход изнесуваше 8 милијарди евра, а оперативната добивка беше 834 милиони евра, според финансискиот извештај на нафтениот гигант.
Оваа година, Атина успеа да го продаде операторот на својата гасна мрежа, „Desfa“, чија приватизација траеше неколку години. Владата доби над 500 милиони евра од договорот, кој веќе доби одобрување од Европската комисија.