Економија 28.02.2019 13:06

Грипот ја зеде и третата жртва, Филипче молчи

Грипот ја зеде и третата жртва, Филипче молчи

Грипот ја зема и третата жртва. Станува збор за лице на возраст од 86 години од Скопје, кој бил хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Кај починатото лице не е утврдено присуство на коморбидитети.  За жал, изминатиот период почина и 25-годишна девојка од Охрид и петгодишно девојче.

Во моментот од ИЈЗ јавуваат дека се регистрирани 3.209 заболени од грип, што е за девет отсто зголемување споредено со минатата недела кога беа регистрирани 2.943 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Додека расте бројот  на заболени од грип, надлежните само апелираат болните да останат дома и да земаат лекови само по препорака на доктор. За разлика од надлежните во Македонија, оние во Хрватска веќе имаат конкретни мерки како забрана за пациенти кои лежат во болници, посебна постапка за болните.

Бројката на заболени од грип расте вртоглаво, а министерот Филипче не одговора со конкретни мерки.

Граѓаните се оставени сами на себе, од неефикасноста на министерот до сега починаа 3 лица од грип.

Филипче за оваа ситуација мора да понесе одговорност пред граѓаните, бидејќи со неговата „работа“ ние сме на дното на листата за „Најздрава нација на светот“ и сме далеку од стандардите на европските здравствени системи.