Бегството всушност треба да се истражува од сите институции првично во земјата почнувајќи од судството, обвинителството, полиција, гранична полиција и да се одреди одговорноста за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, посочи Артан Груби при гостувањето на емисијата „Патот кон“.
На прашањето на новинарката од емисијата „Патот кон“ дали одговорноста првично треба да ја бараме во нашата земја, Груби одговори – „Апсолутно. Зашто не требаше да биде дозволено тоа осудено лице да замине од Република Македонија и да бара азил во една земја на ЕУ“.
Одговорноста почнува од кај нас на начин да се обелодени целиот процес на неговото бегство, сега не ми текнува датумот, бидејќи целата јавност чекаше поранешниот премиер да си ја служеше казната за која беше осуден од судот како последица на процеси кои произлегоа од нелегалните прислушувања од 2015 година па навака. Ценат дека нашите институции особено министерство за правда но и Владата треба да направат се преку институциите во Брисел и при директните контакти со унгарските органи да го вратат Груевски во Македонија на начин да докажеме дека во нашата земја има промена на менталитетот. И во нашата земја нема веќе никој кој е над законот но сите одговараат исто, појасни Артан Груби.