Економија 25.08.2018 14:47

Гугл Пиксел 3XЛ веќе се продава на црниот пазар за 2.000 долари

Гугл Пиксел 3XЛ веќе се продава на црниот пазар за 2.000 долари

Гугл се очекува официјално да ги претстави Пиксел 3 паметните телефони на 4 октомври и нивната продажба ќе биде лансирана кратко време по премиерата.

Претходната генерација беше претставена на 20 октомври, а најверојатно сега ќе започнат испораките во приближно исто време. Во интернет просторот беа објавени информации кои откриваат нови детали за Гугл Пиксел 3 XЛ, како и неколку фотографии кои ни покажуваат како изгледа паметниот телефон.

Во исто време, корисникот на апликацијата Телеграм со име „Luchkov“ почна да продава на црниот пазар во Украина верзија на уредот за 2.000 долари. Овој модел на Гугл Пиксел 3 XЛ е дизајниран за програмери и работи под недовршената верзија на Андроид 9.0 Пај, пренесе „9ту5гугл“. Изгледа дека на компанијата и треба повеќе време пред да биде подготвена со финалниот дизајн на својот нов оперативен систем. Гугл Пиксел 3 XЛ има екран кој поддржува резолуција од 2960×1440 пиксели.

Новиот паметен телефон работи со процесорот Куалком Снапдрагон 845 и ќе биде продаван со ажурирана верзија на слушалките „Бадс“. Во последниве месеци, Пиксел 3 XЛ беше предмет на многу шпекулации на интернет, и се чини дека ситуацијата ќе остане таква во неделите до премиерата. Веќе е познато како ќе изгледа дисплејот и дизајнот на паметните телефони, и останува да се разбере официјалната цена за европскиот пазар