Живот 01.10.2018 10:39

Хакери украле податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук

Хакери украле податоци на 50 милиони корисници на Фејсбук

Фејсбук објави претходно оваа недела дека непознати хакери успеале да украдат податоци од речиси 50 милиони корисници.

Компанијата соопшти дека хакерите ја пробиле заштитата на апликацијата “View as” и дека се преземени неопходни мерки за подобрување на заштитата.

Според CNN, компанијата вели дека не знае кои се хакерите, ниту од каде напаѓаат. Проблемот е решен и судските власти се известени за кражбата.

Фејсбук беше принуден да избрише логови од околу 90 милиони луѓе поради упад во системот и тие мора повторно да се логираат со нови лозинки и кодови – 50 милиони украдени, а 40 милиони корисници се ресетирани од предистрожност.

“Реалноста е дека сме соочени со постојани напади на луѓе кои сакаат да преземат налози и да украдат податоци. Треба да направиме повеќе за да спречиме тоа да се случува”, изјави извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Тој рече дека во иднина компанијата ќе продолжи да инвестира многу во безбедноста на оваа платформа, додавајќи дека ова е “неверојатна битка” со хакерите.