Економија 02.07.2018 13:39

Хјундаи предупредува дека Американските царини за автомобили може да влијаат на безбедноста на САД

Хјундаи предупредува дека Американските царини за автомобили може да влијаат на безбедноста на САД

Јужнокорејската компанија „Хјундаи“ предупреди дека евентуалното воведување царини за увоз на автомобили од страна на САД ќе се одрази на
воениот сојуз меѓу двете држави, пренесе МИА.
– Царините би биле поразителни за „Хјундаи Моторс“, соопшти компанијата, потсетувајќи дека САД имаат безбедносен интерес да одржуваат добри односи со Јужна Кореја додека се
во тек преговорите за нуклеарно разоружување на Северна Кореја.
Американскиот претседател Доналд Трамп наложи изработка на анализа за тоа дали увозот на возила во САД претставува закана за американската национална безбедност и најави
воведување царини од 25 проценти за странските автомобили. Автомобилите претставуваат 13 проценти од јужнокорејскиот извоз, а компаниите од оваа држава имаат свои фабрики во САД, каде произведуваат од една третина до половина од автомобилите што ги продаваат на американскиот пазар.