Живот 28.11.2018 23:36

Храна богата со овошје и зеленчук поврзана со помалку симптоми на менопауза

Храна богата со овошје и зеленчук поврзана со помалку симптоми на менопауза

Жените кои јадат много овошје и зеленчук може да имаат помалку телесни и ментални проблеми поврзани со менопаузата од оние кои сакаат храна богата со шеќери, маснотии и грицки, се наведува во иранско истражување.

Анализата е направена врз 400 жени кои минале низ менопауза. Прашалници кои им биле дадени кои содржеле прашања за симптомите на менопауза и притоа научниците направиле три обрасци на прехрана.

Првата група со многу овошје и зеленчук втората со многу мајонез, масло, слатки и десерти и третата со разни видови масна храна и грицки.

Научниците потоа ги поделиле жените во групи според тоа колку близу биле до една од тие обрасци на прехрана.

Во споредба со жените кои конзумирале најмалку овошје и зеленчук, жените кои јаделе најмногу „зелено“ имале најблаги симптоми на менопауза и таа животна промена најмалку влијаела врз нивното телесно и ментално здравје. Сепак, жените кои јаделе најмногу масна храна и грицки, имале најголеми изгледи да страдаат од симптоми на менопауза кои влијаеле на нивниот живот и на нивното телесно и ментално здравје од оние кои повеќе јаделе „зелено“.