Финансии 17.10.2018 12:23

Хрватска фирма во потрага по работници

Хрватска фирма во потрага по работници

Фирма од Загреб има специфичен однос кон работниците, а сега имаат и понуда за оној кој ќе им препорача добар и вреден работник. Тие имено, нудат 10 000 куни (околу 1350 евра) за секој кој ќе им даде добра препорака.

Иако работат воглавно со европски компании, нивните работници работат од Хрватска, без разлика дали е од канцеларија во Загреб, или од дома, значи без потреба за заминување во странство.

„Наш идеален вработен е ситуиран возрасен зрел девелопер со значајно искуство кое може да го употребите во сложени проекти за клиенти“, вели од односот со работниците основачот и директор на компанијата Горан Калањ.

Се додава дека многу го почитуваат односот на работа и живот и дека имаат разбирање за сите можни животни и семејни ситуации кои можат да се случат.

Во барањето на квалитетни вработени сега отишле и чекор понатаму. Овие години покренале интерно натпреварување меѓу вработените како би ги поттикнале за да доведат нови проверени кадри и да ги наградат за трудот. Истакнале дека оној кој по препорака на добар и вреден девелопер ќе добие до 10 000 куни (околу 1350 евра во готовина).

Сега тоа го прошируваат на сите во Хрватска. Било кој може да добие 10 илјади куни во кеш ако им препорача добар девелопери.