Економија 11.05.2018 11:45

Хрватска ќе набави беспилотно летало за контрола на морските граници

Хрватска ќе набави беспилотно летало за контрола на морските граници

Хрватска ќе набави беспилотно летало за контрола на морските граници и за заштита од пожари. Цената е околу пет милиони евра.
– Набавката на беспилотното летало е најголемата и најзначајната ставка во планираната модернизација на системот и јакнење на капацитетите за надзор и контрола до 2020 година, вели државниот секретар во Министерството за земјоделство, Жељко Краљичак.
Тој додава дека 70 отсто од вкупната вредност на леталото ќе биде кофинансирана од фондовите на Европската унија.