До крајот на овој месец хрватската Влада ќе ја утврди годишната квота за вработување на странци во 2019 година на која, според предлогот, би требало да се најдат дури 63,600 работници.
Хрватска првпат ќе увезе и 200 постојани медицински сестри или техничари, но сепак најмногу недостасуваат работници во градежниот и туристичкиот сектор.
Извршниот директор на хотелите „Јадранка“, Рикардо, Хески изјави дека овие хотели ставаат акцент на интернет едукација на работниците со што ги стимулираат да дојдат кај нив и да гледаат на долгорочна соработка што е во интерес на двете страни.
– Освен што настојуваме да им обезбедиме најквалитетни услови на нашите работници, настојуваме да им обезбедиме и дополнителни бенефиции и ги наградуваме за верност, изјави Хески за ХРТ и додаде дека има најмногу работници од Славонија, а од странците од БиХ, Србија и Македонија.
Претставникот на хрватската Управа за пазар на труд и вработување Даворко Бишкулиќ – Лемиќ изјави дека квотата за вработување странци во 2019 година е значително поголема од минатата година, но соодветствува со реалните потреби на пазарот за труд.
– Хрватска во Заводот за вработување има 147 илјади невработени и целта ни е да ја активираме и домашната работна сила, нагласи Бушкулиќ – Лемиќ.
МИА