По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Банката ќе им отвори штедни книшки – Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот.
Како најголема вредност за семејството и за општеството во целина, децата се во фокусот на Комерцијална банка АД Скопје. Традиционалната акција на донирање средства за новородени деца на триесет и први октомври, продолжува и оваа година.
По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, Банката ќе им отвори штедни книшки – Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00.00 до 24.00 часот во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури.
Средствата ќе им бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2018 година.
Законските застапници на новородените деца на триесет и први октомври, пред да ги достават потребните документи на шалтерите на Банката во Скопје и во други градови во Републиката во кои Банката има свои филијали и/или експозитури, треба да извршат претходна регистрација на нивните деца како даночни обврзници во најблиската регионална дирекција на УЈП до нивното место на живеење согласно процедурите пропишани од УЈП.
Во спротивно Банката нема да биде технички во можност да изврши исплата на средствата.