Економија 19.10.2018 11:12

И покрај санкциите Кина ќе го оствари планираниот економски растој

И покрај санкциите Кина ќе го оствари планираниот економски растој

Кинеската Влада во петокот изјави дека нивната економија порасна за 6.5 проценти во изминатите 3 месеци во споредба со предходните години. Темпото било најслабо за време на економската криза во 2009.

Кинеската економија, која е втора најголема во светот, порасна за 6,7% во вториот квартал, што е најниска стапка на раст во последните две години. Проценките на властите се дека трговските конфликти со САД ќе ја погодат економијата во втората половина годинава, но сепак ќе се оствари зацртаниот економски раст за годинава од 6,5%.

Од почетокот на јуни, Народната банка на Кина инјектираше околу 180 милијардо долари во финансискиот систем преку обезбедување на нови заеми.